21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Германските власти запленија станови на руски пратеник

НАЈЧИТАНО

Недвижен имот и банкарски сметки на руски државјани кои подлежат на европски санкции денеска првпат се запленети во Минхен, соопшти градското државно правобранителство.

– Ова е прв случај на конфискација на конкретен недвижен имот, а не само на замрзнување на готовински депозити – изјави вишата државна обвинителка Ен Лејдинг.

Запленети се три стана во Минхен во сопственост на пратеник од руската Дума и неговата сопруга.
Банкарските сметки кои беа блокирани добиваа 3.500 евра месечно приходи од кирија

Од 23 февруари претставникот кој е сопственик на становите е вклучен во списокот на лица под санкции од Европската Унија.

Тој во парламентот го поддржа предлогот на претседателот Владимир Путин да бара признавање на сепаратистичките области во Украина, што овозможи напад врз оваа земја.

Станарите на одземените станови можат да останат во тие станови до понатамошно известување.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО