5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ ја запре целата активност на Твитер до понатамошно известување

НАЈЧИТАНО

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ ја запре целата активност на Твитер до понатамошно известување, објави денеска германската медиумска групација WirtschaftsWohe, повикувајќи се на сигурни извори од компанијата.

Компанијата „Фолксваген“, која е сопственик на „ауди“ заедно со брендовите VW, „сеат“, „купра“, „ламборџини“,„бентли“, „дукати“ и „порше“, на почетокот на оваа недела соопшти дека им препорачал на сите компании што ги поседува да го паузираат платеното рекламирање на Твитер до понатамошно известување, откако Илон Маск го презеде таа социјална мрежа.

„Ауди“ нема објавено ниту еден твит од 1 ноември, а дотогаш твиташе речиси секој ден.

Маск ја презеде сопственоста на Твитер кон крајот на октомври.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО