24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Германија се противи на забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

НАЈЧИТАНО

Германската влада нема да се согласи со планот на ЕУ со кој де факто ќе се забрани продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

Со цел да се намалат емисиите за 55% во споредба со нивоата од 1990 година до 2030 година, Европската комисија предложи до 2034 година емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили да бидат намалени на нула.

Ова де факто значи забрана за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Европратениците го поддржаа предлогот на Брисел овој месец и сега започнуваат преговори со земјите од ЕУ за финалниот предлог-закон.

Германскиот министер за финансии во вторникот посочи пречка на планот.

Сè уште ќе има ниши за мотори со внатрешно согорување, така што забраната е погрешна, рече Линднер на митингот организиран од Здружението на германската индустрија.

Владата нема да се согласи со таков европски закон, изјави германскиот министер за финансии, истакнувајќи дека Германија и понатаму ќе биде водечки пазар за електрични возила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО