1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Германија од 2023 година го префрла производството од Југоисточна Aзија во Европа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

 Последиците од војната во Украина се различни кај различни компании. Посебно кај глобалните интернационални компании, кои сега се доведени во ситуација кога треба да бараат нови пазари каде што може да го префрлат своето производство. Од голем интерес за овој подвиг се и државите од Западен Балкан, изјави Патрик Мартенс, директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Тој најави дека во Германија од 1 јануари следната година се воведува нов закон кој се однесува на глобалните синџири на добавувачи, а кој ќе биде засилен и со новиот закон за ЕУ.

– Компаниите коишто се од текстилна индустрија тука можат да добијат одлична шанса. Се планира префрлување на производствово од Југоисточна Азија поблиску во Европа, така што компаниите коишто работат во оваа бранша во Северна Македонија може да добијат многу нови налози и многу нови бизниси – вели Мартенс.

Тој посочи на Вебхелп и Мажорел две нови компании, две нови инвестиции во државава коишто се од областа на услужната дејност и корисничкото искуство – кол-центри и кои се, вели, големи интернационални работодавачи. Тие работат со клиенти на пазарите во Европа и во Америка, и смета дека  ќе обезбедат и ќе отворат голем број работни места и тоа добро платени работни места за граѓани со високо образование кои имаат познавање на јазици, така што, додава, гледаме дека некои работи се движат напред.

Мартенс повтори дека со воведување на Законот за заштита на синџирите на добавувачи од следната година, се раѓа шанса за македонската економија бидејќи македонското законодавство содејствува во поголемиот дел во рамките со европското законодавство, така што, смета дека тоа ќе придонесе многу за поголем број на компании во државата и многу повеќе работа за постоечките.  

– Поединечни компании од автомобилската индустрија во земјава минатиот месец имаа за 20 отсто пад на извозот. До овој пад е дојдено бидејќи беше донесена одлука во Германија одредени модели на автомобили за одреден временски период да не се произведуваат, така што овие компании произведуваат компоненти токму за тие модели, меѓутоа, тоа, повторно нагласувам дека е случај само кај неколку компании – рече тој.  

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Поранешниот британски премиер Џонсон: Путин ми се закани со ракетен напад

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил со ракетен напад пред почетокот на инвазијата на Украина. Од...

Предупредување до живинарите: птичји грип избувна во близина на словенечката граница

Предупредување до живинарите: птичји грип избувна во близина на границата со Словенија. Епидемија на птичји грип е потврдена во стопански погон во близина на...

Дали е твојот меѓу нив? Милиони работници ќе мора да го сменат занимањето

Според студијата на консултантската компанија McKinsey, која опфати осум големи економии – Кина, САД, Индија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и Јапонија – вкупно...
spot_img
spot_img
spot_img