27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Германија и натаму наш најголем трговски партнер

НАЈЧИТАНО

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4, 09 милијарди евра и бележи раст од 20,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5, 97 милијарди евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит изнесува 1, 87 милијарда евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 68,6 отсто.

Според Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари -јуни 2022, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО