8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Генерал Залужни вели дека нема разлика меѓу професионалните и мобилизираните војници

НАЈЧИТАНО

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, испрати порака во врска со најавената делумна мобилизација во Русија.

 

Залужни, кој се смета за најодговорен за големиот успех на украинската армија во војната со Украина, рече дека војниците на бојното поле нема да прават разлика меѓу професионалните војници и мобилизираните резервисти и дека единствениот критериум ќе биде дали некој носи оружје.

– Ќе го уништиме секој што ќе дојде во нашата земја со оружје, без разлика дали е доброволно или поради мобилизација – рече генералот Залужни во објава на Твитер во име на Министерството за одбрана на Украина.

Да потсетиме, во средата во својот говор рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација која засега се однесува на околу 300.000 резервисти.

Оваа одлука на Путин наиде на големо незадоволство кај Русите, пред сѐво градовите. Вчера масовно излегоа на протести. Уапсени се повеќе од 1.500 демонстранти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО