8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Гаспром“ испрати видео порака до европските престолнини

НАЈЧИТАНО

Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ користи адаптирана верзија на песна од советската ера во својата последна видео реклама. Видеото го прикажува исклучувањето на руските гасоводи и европските престолнини додека се спушта „страшна зима и многу снег“.

„Зимата ќе биде голема, еве, погледнете, преку реката. Есента полека умира и мавта со жолтата рака“, пее Јуриј Визбор во еден од неговите најголеми хитови, кој завршува со предвидувањето дека зимата ќе ја следи „само темнина и снег“.

 

Најголемиот руски гасовод, кој испорачува природен гас во Европа, нема да работи додека Сименс Енерџи не ја поправи опремата, изјави за Ројтерс друг претставник на Гаспром, Виталиј Маркелов.

Минатата недела Гаспром првично најави тридневен прекин на испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа најави дека гасоводот ќе биде затворен на неодредено време.

Иако Русија за исклучувањето на гасоводот ги наведе техничките проблеми, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека снабдувањето на Европа со гас преку гасоводот ќе продолжи доколку земјите од ЕУ ги ублажат санкциите.

– Поради нив се појавија проблеми со испумпувањето на природен гас. Нема други причини – рече Песков.

Во Брисел ја повикуваат Москва да престане со уцените. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, затоа најави мерки за помош на домаќинствата и бизнисите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО