20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Вучко Бориловиќ од Цетиње е напаѓачот кој изврши невиден масакр во црногорскиот град Цетињe

НАЈЧИТАНО

Вучко Бориловиќ(34) од Цетиње е напаѓачот кој околу 4 часот попладнево изврши невиден масакр во црногорскиот град Цетиње. Полицијата го ликвидирала човекот кој си го уби семејството, а потоа излегол на улица и продолжил да убива луѓе зад објект на Владата на Црна Гора. Пред да биде застрелан од полицијата, тој ја спречувал брзата помош да се приближи до повредeните луѓе.

 

 

Најмалку 11 жртви меѓу кои и деца се засега потврдени, јавува Б92. Бројот на ранети засега е непознат. Еден припадник на полицијата е тешко ранет во главата. Три лица со повреди опасни по живот се хоспитализирани, а во тек се хируршки интервенции за спасување на нивните животи во општата градска болница.

 

 

Иако веќе е потврдено дека причина за крвавиот масакр бил семеен судир, Б92 неофицијално дознава дека кај граѓаните во Цетиње се шири паника дека нападот може да има врска со конфликтот за манастирот.

Се чека официјалното соопштение на црногорската полиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО