17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Вучиќ стравува од притисок врз Србија поради ситуацијата во Украина

НАЈЧИТАНО

Загрижен сум, нашата позиција не е лесна, а политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на рускиот претседател Владимир Путин ќе се зголемува, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ја ситуацијата во Украина.

Тој вели дека за Србија претстои тежок период и дека на војската ѝ издал наредба да биде подготвена.

– Ни претстои тежок период. Јас како врховен командант издадов наредба до Армијата во секое време да биде на најдобар начин подготвена. Продолжуваме да го купуваме сето она што е најдобро за земјата. Политичката и безбедносната структура на светот се урива. Сѐ што знаевме до вчера веќе не важи. Нашата посветеност за мирот мора да биде цврста и силна. Луѓето мислат дека мирот се зема здраво за готово – рече Вучиќ.

Тој рече дека имал важен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во регионот.

– Постојат стравувања дека сето ова може да се прошири и во другите делови на Европа и во светот, вклучително и на Западен Балкан. Бидејќи добро го познавам Путин, јас бев еден од ретките во Европа и светот кој можеше да каже во која насока ќе оди ова, без наше влијание – рече Вучиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО