5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Вучиќ: На Србија и треба мир и одговорен пристап

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на Србија и треба мир и одговорен пристап бидејќи земјата се соочува со тежок период.

Вучиќ на Твитер напиша дека ќе биде потребен „повеќе труд, работа и енергија, пред се единство“, но дека српскиот народ нема потреба да се грижи бидејќи ништо не потпишал.

„Ништо не сме потпишале, само сме соочени со фактите. Ништо нема да се случи ниту денеска, ниту утре, ниту за месец или три месеци“, рече Вучиќ синоќа за време на јавното обраќање во кое посочи дека Србија го прифатила концептот на европскиот план за Косово.

Тој исто така додаде дека кога ќе се соочат со конечните барања, ќе се изјаснат и српскиот парламент и народот, што, иако директно не се споменува, може да значи во иднина распишување референдум за прашањето за конечната одлука за односите со Косово. .

За Србија е клучно да ја зголеми стапката на економски раст, изјави денеска претседателот на Србија по седницата на Советот за координација на активностите на мерките за раст на бруто домашниот производ.

„Затоа за мене средбата со членовите на Владата и директорите на јавните претпријатија беше можност да ги замолам сите да вложат повеќе енергија, работа, труд и ентузијазам за Србија да продолжи забрзано да напредува“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ најави дека во наредните денови ќе започне консултации со пратеничките групи во српското Собрание, вклучително и парламентарна расправа доколку тоа го сакаат парламентарните партии и нагласи дека Србија мора да разговара, да учествува во дијалогот и да го продолжи својот европски пат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

„Прашајте ме за ХПВ“ – граѓаните можат да се информираат во 220 аптеки

Денеска започна проектот „Прашај ме за ХПВ“. Во аптеките кои се дел од проектот, до мај, фармацевтите ќе бидат достапни за да ги советуваат...

РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ

РЕЗУЛТАТИ од Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст број 09-202/2 од 09.01.2023...

Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“,...
spot_img
spot_img
spot_img