7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Вучиќ вели дека сѐ е според договорот за Отворен Балкан

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе ѝ биде испорачано и на Сeверна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Бидејќи во Албанија не можат да примат 35.000 тони пченка, според Вучиќ, еден дел останува во складиште во српските магацини.

– Тие се од Отворен Балкан, а барања добивме и од Северна Македонија. Ќе испорачаме сѐ во согласност со договорот. А потоа ќе доставиме до БиХ и до Црна Гора. Добивме барања од БиХ за количини поголеми за 6.000 тони отколку за целата измината година. Но, мислам дека тоа нема да биде посебен проблем за нас – кажа Вучиќ за ТВ Пинк.

Вучиќ истакна дека Србија има доволно пченица, пченка, сончогледови семенки, масло и посочи дека сега сите од Србија бараат поголеми количества пченица и пченка.

– Сите бараат поголеми количества пченица и пченка, иако имаат помалку жители, поради одливот на граѓани. Тие бараат и сончогледови семенки и сончогледово масло. Денеска ги имавме првите разговори, а сега ќе имаме средба во Јастребац бидејќи откривме три договори кои се антидатирани (пред забраната за извоз), со накнадно зголемена количина на шеќер и брашно, а во тоа учествуваа наши и странски компани – објасни тој.

Во регионот владее побарување за српска пченица и пченка, поради што на дело се злоупотреби и фалсификување на постоечките договори, пишува Блиц.

Вучиќ на прашањето на весникот што се случува со фалсификувањето на претходно потпишаните договори за извоз, изјави дека „измамниците ќе мора да одат во затвор“.

– Сите земји од регионот бараат од Србија поголеми количества пченица и пченка отколку што потрошиле минатата година. Само земјите од регионот и Италија бараат итна испорака на околу 400.000 тони пченица. За која количина станува збор можеби најдобро се гледа кога ќе се знае дека вкупните резерви на пченица на нашата земја во моментов изнесуваат 800.000 тони. Кога станува збор за пченката, регионот бара итна испорака од 690.000 тони, а нашите резерви во моментов се милион тони – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија затоа побара од премиерката Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и безбедоносната агенција БИА да се позанимаваат со контролата на антидатирањето на договорите кои беа потпишани претходно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО