14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Вселенската мисија покажа дека водата на Земјата може да потекнува од астероиди

НАЈЧИТАНО

Можеби водата дошла на Земјата преку астероид од надворешниот раб на Сончевиот систем, велат научниците по анализата на ретките примероци собрани за време на шестгодишната јапонска вселенска мисија.

Во потрага по одговори на прашањата за потеклото на животот и создавањето на универзумот, научниците го обработуваат материјалот донесен на земјата во 2020 година од астероидот Рјугу.

Камен и прашина, поточно 5,4 грама карпи и прашина, собра јапонската вселенска сонда Хајабуса-2, која слета на вселенското тело и лансираше „импактор“ на неговата површина.

Истражувањето спроведено на овој материјал почнува да се објавува, а во јуни група научници соопштија дека пронашле органски материјал, што укажува дека некои аминокиселини, самиот почеток на животот, можеби потекнуваат од вселената.

Во новото истражување објавено во списанието Nature Astronomy, научниците велат дека примероците од Рјугу можат да објаснат како океаните настанале на Земјата пред милијарди години.

„Астероидите од типот Ц, кои се полни со органски и испарувачки материјал, може да бидат еден од главните извори на вода на Земјата“, според истражувањето спроведено од научници од Јапонија и други земји.

„Пристигнувањето на супстанции што испаруваат (органски и вода) на Земјата се уште е предмет на дебата“, се тврди во истражувањето.

Но, органскиот материјал пронајден „во честичките Рјугу, идентификуван во ова истражување, веројатно претставува важен извор на испарлива материја“.

Научниците претпоставуваат дека овој материјал најверојатно потекнува „од надвор од Сончевиот систем“, но дека „не е веројатно дека тој бил единствениот извор на испарувачка материја што дошол на Земјата на нејзиниот почеток“.

Хајабуса-2 беше лансиран во 2014 година во мисија во Рјугу, оддалечена околу 300 милиони километри, а пред две години се врати во орбитата на Земјата за да фрли примерок од капсула.

Во една студија во списанието Nature Astronomy, научниците повторно ги поздравија наодите овозможени од мисијата.

„Рјугу честичките се несомнено еден од најчистите материјали од Сончевиот систем што ги имаме за лабораториски истражувања, а испитувањето на овие вредни примероци сигурно ќе го прошири нашето разбирање за процесот на развој на Сончевиот систем“, се вели во истражувањето.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО