2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Времето денес претежно облачно со повремен локален дожд

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури.

Утрово најстудено, со -1 степен, било на Попова Шапка, а биле измерени девет степени во Гевгелија.

Во Маврови Анови утрово до 8.30 часот темепратурата била 1 степен, 2 во Лазарополе, 3 во Берово и Крушево, 4 степени во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 6 степени се измерени до Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Битола, Демир Капија и Виница, 7 степени во Охрид, Струмица и Куманово и осум степени во Штип.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е еден сантиметар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари

Комесарот за добрососедство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари – објави БГНЕС. Средбата ќе се одржи...

Сурово мачеле и убиле двегодишно момче кога имале по 10 години

Пред околу 30 години, на 12 февруари 1993 година, Џејмс Булгер (2) беше брутално убиен во Бутл во близина на Ливерпул, Англија. Две 10-годишни...

Спасовски му ветил на бугарскиот колега дека в сабота нема да има инциденти

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков...
spot_img
spot_img
spot_img