8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Во Франција, независен извештај за инцестот предупреди на трајна траума

НАЈЧИТАНО

Независната комисија во извештајот предупреди за трајна траума како резултат на инцест и сексуално насилство врз деца во Франција, додека владата најави серија мерки.

Независната комисија за инцест и сексуално насилство врз децата ги испита понекогаш невидливите последици од инцестот врз основа на 16.414 сведоштва од луѓе. Комисијата пред една година повика да се сведочи жртва на инцест.

„Она што е видливо при читањето на добиените мејлови е изразот на страдање, екстремно и трајно страдање. Не се работи за нешто болно што се случило одамна, туку за тоа дека се уште се размислува за тоа и дека се доживува и сега“, изјави судијата и копретседател на комисијата Едуард Дуран за францускиот печат.

Речиси сите жртви ги спомнаа последиците врз нивниот интимен живот и сексуалноста во зрелоста, како и врз нивната улога како родители кога имаа деца.

По извештајот објавен во средата, француската влада најави мерки за борба против сексуалното насилство врз малолетници.

Меѓу овие мерки е и одземањето на родителското право од инцестуозниот родител, отпочнувањето на национална кампања за ова прашање, како и професионалната поддршка на жртвите.

Сексуалното насилство погодува околу 160.000 малолетници во Франција секоја година.

Властите сакаат да ја засилат обуката на здравствените работници и ќе финансираат превентивна кампања на почетокот на 2023 година.

Владата сака да ја „зајакне обуката на здравствените работници“ и да финансира „голема национална кампања“ за превенција на почетокот на 2023 година. Ќе се формираат педијатриски и психолошки приемни единици низ Франција.

„Сржта на проблемот останува премногу лабавиот став по ова прашање и ниската стапка на откривање на сексуално насилство“, рече Дуран, додавајќи дека едно од десет луѓе во Франција биле жртва на сексуална злоупотреба како дете.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО