9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Во Украина има уште стотина македонски државјани

НАЈЧИТАНО

Стотина македонски државјани сѐ уште се наоѓаат во 12 градови во Украина, каде во моментов нема воени дејствија и чекаат инструкции. Во моментов интернет врските во земјата се во прекин, а одвреме-навреме колабираат и телефонските линии.

– Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така што само преку копнени транспортни превозни средства се евакуираат граѓаните – изјави македонскиот амбасадор во Киев Крум Ефремов за Телма.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат.

– Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, но ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати, иако таа одлука сѐ уште ја немаме донесено. Меѓутоа, сме во постојана координација со нашите партнери и со нашите луѓе на терен за да ги донесеме соодветните одлуки – рече шефот на дипломатијата за „Утрински брифинг“.

Тој информира дека од поодамна имаат резервни планови доколку аеродромот се затвори, доколку нема комерцијални летови и како би ги извадиле нашите граѓани.

– Сега станува сѐ потешко да им се излезе во пресрет. Тие што го искористија апелот и одговорија на апелот се вратија во Скопје, меѓутоа продолжуваме да бидеме во комуникација со нашите луѓе да им помогнеме да излезат од Украина – вели Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека се следи и целокупната ситуација во Украина и дека сите партнери во НАТО се единствени во однос на преземањето следни чекори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО