23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Во Турција се приведени 16 новинари

НАЈЧИТАНО

Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“.

Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со ПКК.

На 8 јуни во Дијабекир, југоисточна Турција беа приведени четворица новинари под обвинение дека работеле за ПКК.

Претставникот на Репортери без граници (РСФ) Ерол Ондероглу ги осуди апсењата како обид за ослабување на „курдската политичка класа … и одземање на правото на глас“ пред претседателските избори во Турција следната година.

Турција според во Индексот на слободата на медиуми на РСФ е на 149. место од 180 земји и постојано е критикувана за замолчување на критичарите на Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО