9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Во Собранието денеска координација на партиите

НАЈЧИТАНО

На редовната координација во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пред неколку дена за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на редовната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Во понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот – изјави Џафери.

Како што појасни, доколку има потреба седницата може да биде прекината и да се закаже нова на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.

Пратениците од опозицијата побараа од претседателот на Собранието да ги врати материјалите назад во Владата со забелешка дека е испратена само Информација, без ниту еден документ. Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски вчера во дневникот на телевизија Сител најави дека ќе бидат присутни во Собранието бидејќи почнува дебата за ребалансот на Буџетот и дека ќе направат сѐ што треба за да го претстават мислењето на граѓаните за францускиот предлог.

Од СДСМ, пак, сметаат дека одговорноста е на законодавниот дом да донесе натамошни заклучоци, согласно собраниските процедури. Претседателот на Собранието рече дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.

Во меѓувреме, во земјава продолжуваат протестите против францускиот предлог, кои се поддржани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Протестен марш се одржа вчера од Владата преку Министерството за правда до Собранието, а протест е најавен и за денеска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО