25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Во последното коло убедлив триумф над Академија Пандев

НАЈЧИТАНО

Екипата на Шкупи е новиот фудбалски првак на Македонија. Во денешниот дуел одигран на Чаир, Шкупи со убедливи 3-0 го совлада тимот на Академија Пандев.

Во последното коло кое не решаваше апсолутно ништо околу распределбата на местата за Европа и опстанокот во лигата, чаирчани не дозволија без победа денеска да го заокружат славјето на Чаир.

Струга ТЛ и Шкендија ремизираа (1-1) со два гола во судиското продолжение. Најпрво стружани поведоа со 1-0 со голот на Дарко Илиески во 93. минута од средбата, а Шкендија израмни преку Флорент Рамадани во 95. минута.

На останатите дуели, кои исто така се без резултатско значење, Скопје победи со 4-1 против Брегалница. Двата погодоци ги постигна Филип Јаневски во 10. и во 41. минута, а погоди и Десниќ во 43. минута.

Во второто полувреме Леонид Игнатов во 51. минута зголеми на 4-0, а почесниот гол за Брегалница го постигна Ацковски во 80. минута.

Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до победа над Македонија ЃП од 2-1. Победничкиот гол за кавадарчани го постигна Николај Христов во 91. минута од натпреварот.

Најубедливата победа од 1-5 на гостински терен против Борец ја запиша Ренова, а Работнички триумфираше со 2-1 против Пелистер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО