25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Во последните три дена регистрирани се 899 нови случаи

НАЈЧИТАНО

Министерството за здравство информираше дека во последните три дена се регистрирани 899 новозаболени лица со ковид-19, нема починати, а како оздравени се водат 670 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022) направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на ковид-19: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција.

Регистрирани сe 670 оздравени пациенти од Скопје – 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.

Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-33, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-110, Биотек-135, Систина-72, лабораторија Лаор-16, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-26, Генеа-22, Никоб Лаб-113, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–13, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.162.

Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО