15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Во Мексико уапсен поранешен јавен обвинител

НАЈЧИТАНО

Поранешниот мексикански јавен обвинител Хесус Муриљо, кој служеше во времето на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нието, е уапсен под обвинение за присилно исчезнување, тортура и попречување на правдата при исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година, соопштија мексиканските власти.

Канцеларијата на јавниот обвинител во соопштение објави дека федералната полиција извршила налог за апсење на Хесус М., а извор од канцеларијата потврдил за Ројтерс дека станува збор за Муриљо.

Тој служеше како јавен обвинител од 2012 до 2015 година. За тоа време, Муриљо ја надгледуваше силно критикуваната истрага за исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година.

Меѓународните правни експерти ја критикуваа официјалната истрага, за која рекоа дека е преполна со грешки и злоупотреба, а актуелниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вети дека по преземањето на функцијата во 2018 година ќе расчисти што се случило во случајот со исчезнатите студенти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО