20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Во Македонија има 51 лице на 100 години

НАЈЧИТАНО

Жените во Македонија живеат подолго од мажите. Ова може да се заклучи од резултатите што ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) по спроведениот попис во 2021 година, а кои покажуваат дека во земјава се попишал 51 жител, односно 18 мажи и дури 33 жени кои имаат точно 100 години или имаат повеќе од 100 години.

Во резултатите не е наведено колку години има најстариот човек во земјава, но посочено е дека има 23 лица кои наполниле 99 години (12 мажи и 11 жени), 51 лице наполнило 98 години (23 мажи и 28 жени), 85 лица имаат 97 години (34 мажи и 51 жена), 133 лица имаат 96 години (43 мажи и 90 жени)…

Регистрирани се 16.535 бебиња (8.393 машки и 8.142 женски), односно деца кои сѐ уште не наполниле една година.

Според табелата на којашто е прикажано резидентното население според петгодишни групи на возраст, најмногубројна е генерацијата која има 40-44 години – 128.186 жители, додека, пак, најмалубројни се лицата коишто имаат над 85 години – 21.001.

Во продолжение, погледнете ја табелата:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО