25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Во Лавов поставени 109 празни детски колички

НАЈЧИТАНО

Според украинската главна обвинителка, од 24 февруари досега во војната во Украина се убиени најмалку 109 деца, а 130 се повредени.

Активисти и уметници со овој тивок протест на плоштадот во Лавов сакаат да го свртат вниманието врз судбината на децата во војната и на тоа дека руската армија бомбардира и напаѓа и цивилни цели.

– Детските колички го симболизираат животот на овие ангели кои сега го штитат небото над Украина – изјави Андриј Садовиј, градоначалник на Лавов. Кампањата носи име „Цената на војната“ и организирана е од активисти и од локалните власти.

Според УНХЦР, од Украина секоја минута бегаат по 55 деца. Тоа значи дека од 24 февруари досега речиси секоја секунда од земјата бегало по едно дете.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО