24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци

НАЈЧИТАНО

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист.

„Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице“, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб.

Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти.

„Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци“, рече Колариќ.

Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО