25.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

(Во живо) Бугарското собрание расправа за Македонија

НАЈЧИТАНО

По два дена неуспешни редовни собраниски седници поради немање кворум, утрово во Народното собрание се пријавија доволен број пратеници и седницата почна.

Ја отвори привремениот претседавач Мирослав Иванов, кој предложи дневен ред во кој прва точка е прашањето за Република Македонија. Дневниот ред го изгласаа 210 пратеници.

Практично, парламентот може да му даде мандат на Советот на министри да ја одобри преговарачката рамка предложена од француското претседателство и да го укине ветото на PCM.

Условите за поддршка во предлогот на ДБ:

– Ефикасно спроведување на договорот за соседство

– Гарантирање на правата на Бугарите во РСМ преку нивно рамноправно вклучување со другите народи во Уставот.

– Ништо во пристапниот процес не може да се толкува како признавање на постоењето на македонскиот јазик.

– Европски гаранции за исполнување на условите на Бугарија.

На вчерашната седница на Комисијата за надворешна политика „Вазраждане“ и „Има такви луѓе“ гласаа против предлог-одлуката, а БСП беше воздржана.

Премиерот во оставка Кирил Петков доцна синоќа во Брисел коментираше дека не очекува Националното собрание денеска да донесе конечна одлука за францускиот предлог.

Редовната седница на Националното собрание можете да ја следите овде:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО