25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Во Велика Британија се откриени два случаи на Ласа треска

НАЈЧИТАНО

Во Велика Британија се откриени два случаи на Ласа треска, кај патници кои биле во Западна Африка, а здравствените служби веднаш го стиснале алармот бидејќи станувало збор за многу опасна заразна болест, јавуваат британските медиуми.

Европските нулта пациенти веднаш биле ставени во изолација и се лекуваат.

Ласа треската често пати е смртоносна аренавирусна инфекција која се јавува главно во Африка, а може да влијае на повеќе органски системи.

Епидемии на Ласа треската досега имало во Нигерија, Либерија и Сиера Леоне. Оваа болест била внесена и во САД и во Обединетото Кралство. Резервоарот на вирусот е Mastomys natalensis, стаорец кој често живее во куќите во Африка.

Најважно од сè е дека за разлика од коронавирусот, Ласа треската нема пренесување на вирусот од човек на човек само затоа што сме блиску со некој што е заразен, па затоа ширењето на овој вирус е далеку побавно отколку во случајот со Ковид-19.

Инкубацијата трае од пет до 16 дена. Симптомите почнуваат со прогресивна треска, слабост, малаксаност и дигестивни симптоми. Може да се појават симптоми и знаци на хепатитис. Во текот на следните три до четири дена, симптомите напредуваат во болки во грлото, кашлица, болка во градите и повраќање.

Лекот Рибавирин може да ја намали смртноста до 10 пати доколку со негова употреба се почне во првите шест дена од инфекцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО