16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Војната може да ја запре само тој што ја започна

НАЈЧИТАНО

Војната можат да ја спречат само тие што ја започнаа, рече на денешната прес-конференција украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Запрашан дали сè уште инсистира на средба со рускиот претседател Владимир Путин и дали смета дека разговорите со него ќе стават крај на војната, Зеленски рече дека војната може да ја запре само тој што ја започнал.

– Војната може да ја запре само тој што ја започна – рече Зеленски на прес-конференција во метро станицата во центарот на Киев, повторувајќи дека „не се плаши“ да се сретне со Путин доколку тоа доведе до мировен договор меѓу Русија и Украина.

Тој инсистира на завршување на војната и потенцираше дека секој „здрав човек попрво би го избрал дипломатскиот пат“ за да ги реши прашањата отколку со воено решение.

Украинскиот претседател додаде дека не се плаши за својот живот, но дека неговото семејство е многу загрижено за него.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО