23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Војната во Украина е „игра на издржливост“, а исходот ќе го одлучи тоа колку Европа и Русија ќе можат да издржат

НАЈЧИТАНО

Војната во Украина е „игра на издржливост“, а исходот ќе го одлучи тоа колку Европа и Русија ќе можат да издржат. Вака ја објаснува претседателот Џо Бајден евентуалната пукнатина во единството на западните сојузници во врска со тоа кога и како треба да заврши конфликтот. Додека можни отстапки на територија неодамна спомнаа, индиректно, генскот на НАТО, Јенс Столтенберг, но и францускиот претседател Емануел Макрон при својата посета на Киев, сега и граѓаните на ЕУ се пред нова недоумица.

Над третина од нив, или 35 отсто се за веднаш да се заврши војната, макар и со отстапки од Киев, вели истражување на јавното мислење во 10 земји кое го спровеле од тинк-тенкот ЕЦФР, Европскиот совет за надворешни односи. Само 22 отсто, се за продолжување на војната и целосно победување на Русија. Уште една петтина, односно 20 отсто би сакале да ја казнат Москва за нејзините постапки, но се загрижени за ризиците и трошоците. Последните 23 отсто се неопределени.
Од ЕЦФР предвидуваат дека овој број на луѓе веројатно ќе расте со текот на времето и ги повикуваат европските влади да го ублажат овој ефект.

Дека светот е „заморен од Украина“ неодамна изјави и британскиот премиер Борис Џонсон. Тој јавно тврдеше дека некои лидери „повикуваат на преговори со Путин“.

Ќе ја притисне ли Западот Украина побрзо да ја заврши војната на нејзина штета? Според Џо Бајден, ова ќе биде една од темите за кои западните сојузници ќе разговараат на НАТО-самитот во Мадрид следниот вторник.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО