15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Возачот на владината „шкода“ во која се возеа министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши ја предизвикал сообраќајката на крстосницата пред Владата во понеделникот

НАЈЧИТАНО

Возачот на владината „шкода“ во која се возеа министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши ја предизвикал сообраќајката на крстосницата пред Владата во понеделникот, соопшти МВР.

СВР Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, пријавениот, на 07.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со булеварот Илинден удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т .(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П. (45) од Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Фото: Телма/Принтскрин

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО