23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Возачите на ЈСП ќе штрајкуваат поради ниските плати

НАЈЧИТАНО

Возачите од ЈСП од среда излегуваат на протест пред седиштето на претпријатието, најави Независниот синдикат на возачи.

Оттаму појаснуваат дека протестот е резултат на малите плати и тешките услови за работа. Возачите ќе протестираат од среда па во наредните денови од 11 до 12 часот, што значи дека во тој период ќе нема јавен превоз бидејќи ќе нема кој да ги вози автобусите.Градоначалничката Данела Арсовска вчера истакна дека протестот е политички мотивиран, бидејќи било разговарано со синдикатот и понудено е скалесто зголемување на платите.

– Многу ми е жал поради тоа што вработените ќе протестираат. Лошите услови во коишто се наоѓа ЈСП се затоа што претходното раководство го оставило девастирано, во толкави долгови што сега со големи напори луѓето се обидуваат да ги консолидираат. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички да се мотивирани затоа што таму беше разговарано, прифатено дека ќе почне да се реализира скалесто зголемување на платите како и во сите други јавни претпријатија – истакна Арсовска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО