-1.1 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Внимателно следете го и невербалниот говор

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Психологијата тврди дека гестикулацијата кај луѓето открива многу за нивниот карактер, а може и во секунда да прочитате дали некој ве лаже.

Оние кои вешто ги сокриваат гестикулациите, како луѓето кои не ве гледаат во очи додека ве лажат, се вели дека се мошне способни за лажење и за манипулација. Сепак доколку не сте сигурни дали некој ве лаже има начини како тоа да го откриете.

Избегнување на поглед и триење на очите

Избегнувањето на контакт со очите не е секогаш знак на лага, но е еден од знаците. Особено треба да внимавате за погледот кон земја, затоа што тоа не е знак на лага туку најчесто се случува кога човек се обидува да се сети на нешто.

Прекрстени раце или нозе

Разговорот, според експертите, е дури 55 отсто невербален, па прекрстени раце можат да значат одбрана или самозаштита, а прекрстени нозе дека на соговорникот му е непријатно.

Брзо трепкање

Ова е природно, но ако личноста ја прави со поголема брзина голема е веројатноста дека нешто крие. Може да е тоа лага или непријатност од разговорот.

Претерана гестикулација со рацете

Често се гестикулира со раце како во разговорот би ги нагласиле важните поенти. Сепак едно истражување од 2015 заклучи дека луѓето кои претеруваат со гестикулации најверојатно ве лажат. Ова е точно и во случај кога нивните гестови не се синхронизирани со говорот па се добива впечаток дека не знаат што зборуваат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...
spot_img
spot_img
spot_img