7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

ВМРО ДПМНЕ: Предавството не се мие, останува како нечиста совест и таквата немир ќе ја наследат и вашите деца

НАЈЧИТАНО

Една порака до оние кои се препознаваат како Социјалдемократи. Предавството не се мие, останува како нечиста совест и таквата немир ќе ја наследат и вашите деца. Тоа е жезолот кој секој еден што ќе гласа им го предава на идните поколенија, се вели во пораката објавена на Фејсбук, од функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски.

„Македонија била предавана, ама ги надживеала предавниците. И вас ќе ве надживее. Вие со наведнати глави довека, а ние со нашата борба за Македонија за навека. Јуда предаде со бакнеж, а Ковачевски со насмевка. Ама од судбина не се бега. Нема алал од тоа што гордо, достоинствено и со насмевка ја продава Македонија, пишува Томовски.

Тој додава и дека ние во земјава речиси сите се знаеме и се препознаваме и дека утре ќе се сретнеме.

„Не дозволувајте да шетате со наведнати глави поради лудоста и предавството на човекот кој ви ја води партијата. Затоа што има моменти кога е најважно кој на која страна бил. И затоа вие сте на потег да го спречите ова зло кое има име и презиме. Ковачевски не е вечен, но Македонија да“, додава Томовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО