25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата

НАЈЧИТАНО

Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата. Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН. Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници. Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина“, се вели во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа.

„Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ, тоа е наука и становиште на науката кое е докажано. За овие предавства ќе има одговорност. Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО