15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

ВМРО-ДПМНЕ бараат да се испита транспортот вреден 4,5 милиони евра

НАЈЧИТАНО

Денеска до ДКСК поднесовме претставка за набавката на битумен од Костадин Ацевски, кадар на СДСМ, во име на „Македонија пат“. Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил  само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт. Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел. Променлив дел е цената на битуменот, заради берзанските цени, додека фиксниот дел се однесува на транспортот, маржите и давачките, и којшто дел всушност ја определуваат најповолната понуда на тендерот за вакви набавки, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Потсетуваме и на прес конференцијата на Костадин Ацевски на којашто самиот вели дека била користена поинаква методологија при избор на понудувач, иако во договорот јасно стои поделбата на „фиксен и на променлив дел“, односно точно колку чини транспортот и услугите, без цената на битуменот при овој тендер. На истата прес конференција, Ацевски призна дека имал само еден понудувач со толкаво нереално побарување за транспорт и за услуги. Во поднесокот посочуваме и на споредбената документација за набавка на битумен, по иста методологија,но од ЈП Улици и патишта, од Скопје, каде што се гледа дека за истите услуги, за транспорт, цената е десеткувана – вели Стоилковски.

Портпаролот на најголемата опозициска партија во Македонија порачува дека случајот е јасен, бидејќи имаме случај со еден понудувач со нереална цена, во услови на криза, за тендер во којшто речиси половина од парите одат за услуги и за транспорт.

– Законот за јавни набавки е дециден и членот 114, насочува дека ако нема прифатлива понуда, или ако има понуда со цени понеповолни од пазарните цени, Договорниот орган, во случајот „Македонија пат“, може да ја поништи постапката за јавната набавка. Костадин Ацевски бил должен оваа јавна набавка да ја прекине. Но, тој ја потпишал, споредбено со приложениот пример од ЈП од Скопје, со дури 1000% поголема, нереална сума за транспорт. Очекуваме ДКСК но и ЈО најитно да отворат предмет и да дадат одговор за овој случај – додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО