20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Влегуваме во третиот месец од војната во Украина

НАЈЧИТАНО

Со денешниот ден се навршуваат два месеци од почетокот на руската окупација во Украина. Додека Зеленски денеска ги очекува шефовите на американската дипломатија и одбрана во Киев, православните верници и во Украина и во Русија го чествуваат најголемиот христијански празник, Велигден. Путин присуствуваше на литургија, додека украинскиот претседател излезе со своја честитка:

„На Велигден се молиме на Бога за голема милост да го оствари нашиот голем сон – ова е уште еден голем ден – ден кога ќе дојде голем мир во Украина. А со тоа – вечна хармонија и просперитет. Со вера и доверба во ова – на сите Ви го честитам Велигден. Пазете се. Пазете се од вашите најблиски. Пазете се од Украина! Христос воскресе! Навистина Воскресна“, вака украинскиот претседател Зеленски го честиташе Велигден.

Видео од литургијата кај рускиот патријарх Кирил на која присуствуваше и Владимир Путин се појави на Телеграм. Церемонијата се одржа во црквата Христос Спасител во Москва.

Додека борците од челичарата во Мариупол уште одбиваат да се предадат, Москва одби да го прекине огнот по повод Велигденските празници. Истовремено, шефот на руската контрола на националната одбрана, Михаил Мизинцев, предупредува дека Украинците подготвуваат велигденски провокации, па дури и гранатирање верски објекти.

– Во моментот на кампањата на режимот во Киев се подготвуваат провокативни акции во украинските медиуми, кои ја обвинуваат Русија за наводно организирање гранатирање на верски објекти – изјави Мизинцев.

Од своја страна, Украина ја обвини руската армија за насилно регрутирање цивили во окупираните делови на источна Украина, пишува германската агенција ДПА.

„Руската армија, освен што регрутира млади луѓе, насилно ги принудува украинските лекари да служат во провинциите Херсон, Запорожје и Харков“, напишаа на Фејсбук украинските воени претставници.

По новата руска офанзива во Донбас, неизвесно е уште колку долго ќе трае војната. Најавите на Зеленски дека Украина би можела да ги прекине преговорите ја отежнуваат комуникацијата. Михаило Подољак, советник на шефот на претседништвото на Украина денеска предложи три чекори за велигденско примирје со Русија, вклучувајќи примирје во Мариупол, хуманитарни коридори и „специјална рунда преговори“.

Во дипломатска офанзива влегуваат и Обединетите Нации. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе ги посети и Москва и Киев во потрага по решени, но прво ќе отпатува во Анкара во Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО