16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Владина делегација предводена од вицепремиерот Маричиќ положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

НАЈЧИТАНО

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот Бојан Маричиќ во придружба на министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, денеска по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.

Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови.

Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО