25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Владата ќе подготви и достави урнек од лекција за 7 одделение на тема Самоилова држава

НАЈЧИТАНО

Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодот 2019-2022.

Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно. Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Во една од точките кои се однесува до историјата, во Протоколот се наведува Владата на Република Северна Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот.

Интегралниот текст на Протоколот може да го погледнете на следниот линк.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО