2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Владата утврди два предлог-закони во рамки на „Отворен Балкан“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Владата на денешната 89-та седница утврди два предлог закони за ратификации на договори, предложени од Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори при соработката во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”.

Како што соопшти владината прес-служба, утврден е Предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, чија цел е да се олеснат процедурите за признавање.

„Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC“, се наведува соопштението од владината седница.

Вториот е Предлогот на закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, чија цел  е договорните страни, во согласност со нивните соодветни расположливи капацитети, да си помагаат една на друга, во случај на катастрофи, кога договорната страна барател, не е во состојба да се справи со последиците од катастрофата, користејќи ги сопствените ресурси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Финската полиција нема да дозволи палење на свети книги како Куранот на јавни места

Финската полиција најави дека нема да дозволи палење на свети книги како Куранот на јавни места. Според финските медиуми, кои се повикуваат на новинската агенција...

Британија по излезот од ЕУ годишно губи по 100 милијарди фунти

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНАЦИЈА

„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната...
spot_img
spot_img
spot_img