14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Владата склучи 258 договори за закуп

НАЈЧИТАНО

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска од Свети Николе почна со доделување на договорите за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари за обработка на житни култури.

Распишаниот јавен оглас беше распореден во 14 региони низ државата и на располагање нудеше земјоделска површина од 5 722 хектари. Овој јавен оглас предизвика голем и до сега рекорден интерес кај земоделците со дури 258 склучени договори за закуп.

– Наменски го објавивме овој оглас за да ги зголемиме обработливите површини под стратешки култури и во тоа успеавме. Токму ова беше нашата цел преку Националниот план за производство на храна, да обезбедиме нови земјоделски површини и да го зголемиме домашното производство за обработка на стратешки култури. Ова е денес прашањето кое целиот свет го мачи, предизвик пред кој секоја земја е исправена, како последица од војната во Украина. Како да се стабилизира домашното производство и да обезбедиме доволно храна – изјави Николовски.

Тој потенцира дека МЗШВ навреме креираше мерки за поддршка, донесувајќи го Националниот план за производство на храна, во кој има мерки за поддршка на земјоделците при набавка на вештачко ѓубриво, мерки за зголемуивање на приносот од стратешки култури, давање на нови дополнителни хектари земјоделско земјиште за обработка, мерки за сточарите, мерки за поддршка до секој еден земјоделец.

– Секој од нас мора да биде одговорен и на висина на својата задача. Мораме да бидеме здружени и обединети бидејќи само така полесно ќе ја поминеме оваа криза. Од вас барам, и на тоа како министерство ќе инситираме цело време, произведените житни култури најпрво да ги дадате во домашни преработувачки капацитети. Така е чесно и одговорно кон сите граѓани, бидејќи мерките кои ги даваме до секој земјоделец се од парите на сите граѓани. Мораме сега сите да си помогнеме. Не оставаме ниту една педа земја необработена и веќе денес истекува и рокот за аплицирање на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади распоредено во 31 регион низ државата со вкупна површина од 4.294 хектари земјиште кое го ставаме на располагање – рече Николовски.

Активни до 21 јули се и двата јавни огласа за доделување под закуп над 3 хектари земјоделско земјиште за производство на сточна храна и подигнување долгогодишни насади. Вкупно на располагање преку овие два огласа се ставени 3 769 хектари државно земјоделско земјиште.

– Ги повикуваме земјоделците да ги следат јавните повици и максимално да ја искористат секоја мерка која се носи за поддршка на секој еден земјоделец. Она што ќе го произвеме да го зачуваме дома, во нашите домашни преработувачки капацитети. Сплотени заедно да се избориме со оваа криза – апелира Николовски.

Министерот очекува минималната откупна цена на пченицата да биде 20 денари. Смета дека добрите цени за откуп на јачменот ќе се рефлектираат и врз производството на лебно жито.

– Како што имаме рекордна заинтересираност за мерките за земјоделство, како што имаме рекордна цена, еве тоа и земјоделците ќе го кажат, на јачменот од 17 денари јас очекувам минимална цена 20 денари на пченицата нормално да биде. Односно информациите коишто се од самите разговори коишто ги имаме потврдуваат дека 19-20 денари ќе биде токму таа пченица која што нема доволен соодветен квалитет, а дури пченицата со висок квалитет може да надмине и 22 денари. Се зависи од квалитетот и затоа велиме дека навремено презедовме мерки, навремено излеговме со мерки за поддршка на вештачко ѓубриво, знаејќи го растот на сите цени на репроматеријалите, 40 отсто поддршка од државата, 7. 000 апликации имаме од земјоделците коишто на неделна основа, кои добиваат поврат на средства за набавеното вештачко ѓубриво – рече Николовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО