23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Владата им даде заеми на земјоделците

НАЈЧИТАНО

Земјоделците почнаа со пролетната сеидба во речиси сите делови на Украина, независно од тоа што продолжуваат нападите на руските сили, соопштија властите во Киев.

– Сеидбата не почнала само во Луганск – изјави синоќа премиерот Денис Шмихал.

Луганск инаку е под целосна контрола на руските сили.

Владата во Киев за земјоделскиот сектор обезбедила поволни заеми во вредност од 3,5 милијарди гривни или 116 милиони долари.

– Истовремено настојуваме да ги поедноставиме постапките за регистрација на земјоделска технологија, со цел да нема застои во земјоделските работи – истакна Шмихал.

Украина спаѓа меѓу водечките производители на жито во светот, така што слаб принос би можел да предизвика недостиг и скок на цената на житото на меѓународните пазари на земјоделските сировини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО