25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Владата да не троши на фстаци туку да ги покачи платите во образованието

НАЈЧИТАНО

Владата на СДСМ се однесува во мафијашки стил кон просветните работници. Врши бесрамни притисоци и закани во стилот земи или остави и во исто време им се заканува, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа е матрицата на оваа власт предводена од СДСМ. Штрајкот на наставниците е оправдан, а нивните барања се легитимни и се засноваат на колективен договор. Тоа што Владата се однесува игнорантски кон нив е резултат на одлепеноста на елитата на власт  од реалноста. Тие нудат покачување на плати кои не се доволни ниту за два дена пазарење на основни намирници во маркетите. Инфлацијата го изеде стандардот. Само во месец март таа изнесува 8,8 отсто, цената на маслото за јадење е зголемена за 100 отсто, лебот е поскапен за 110 отсто, горивата за околу 80 отсто, струјата за 30 отсто итн. Но милионерите од власта тоа не го чувствуваат и затоа така се однесуваат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека власта се расфрла со пари, но не сака да им даде покачување на наставниците.

-Власта нема пари за просветните работници кои земаат нешто над минималната плата, а во исто време трошат милиони за цвеќиња, жардинери, фстаци, службени возила и хотелски услуги. Ете затоа народот е гневен – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО