27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Владата го осудува однесувањето на опозициските пратеници во Собранието

НАЈЧИТАНО

Владата на Република Северна Македонија јавно ги осудува крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието на Република Северна Македонија од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија, се вели во владиното соопштение.

„Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. Позициите на Владата на Република Северна Македонија се јасни и цврсто сме решени да станеме дел од европското семејство каде што и припаѓаме, штитејќи ги националните интереси и македонскиот јазик. Затоа Владата со целиот свој капацитет ќе продолжи да работи на просперитетот на земјата и нејзино полноправно членство во Унијата“, наведено е во владиното соопштение.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО