27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Владата го задолжи претпријатието да основа три трговски друштва

НАЈЧИТАНО

Владата на денешната седница, врз основа на известување за одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, го задолжи АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на три трговски друштва во негова сопственост.
„АД ЕСМ – Скопje треба да основа: Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje“, известуваат од Владата.

Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата.

„АД ЕСМ е задолжено да спроведе постапка за основање на Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на градот Битола, Новаци и Могила, чиј основач и единствен содружник ќе биде ЕСМ-Скопје“, соопштуваат од Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО