23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Владата би можела повторно да ги  намали маржите на трговците, за да го намали ценовниот шок

НАЈЧИТАНО

Владата би можела повторно да ги  намали маржите на трговците, за да го намали ценовниот шок. Вакви размислувања за новите мерки им соопштил министерот за економија Крешник Бектеши на претставниците на бизнис секторот на денешната средба, но не им кажал како ќе изгледаат новите мерки, иако, според она што се дознава од средбата, тие веќе се готови.

Неофицијално се дознава дека новиот модел на намалени маржи треба да биде во корист и на трговците и на граѓаните, за да обезбеди помали загуби за трговците и поблаг раст на цените.

В понеделник, пак, ќе се разгледуваат барањата на бизнисот за забрана на извозот на житарки и субвенционирање на цената на потрошувачката на струјата и на горивата.

Бектеши најавил посебни средби со министрите чии ресори ги засегаат барањата на бизнисмените.

Како што дознаваме, бизнисмените се залагале да нема замрзнување на цените, бидејќи нема да можат да ги покријат големите трошоци за струја, за гориво и за суровини, кои се по берзански цени.

Од Министерството за економија, пак, официјално информираат дека сѐ уште не се подготвени новите мерки. Министерот остварува средби со бизнисмени од повеќе сектори, а потоа ќе се оцени дали се потребни или не нови мерки. Дополнително се чека да помине и ребалансот на буџетот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО