1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Вицепремиерот објасни зошто „не е должен“ да оди на отворањето во Благоевград

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, објаснувајќи зошто нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров” во Благоевград, ниту пак таму ќе има владина делегација или делегација од СДСМ.

Вицепремиерот Маричиќ во настап на ТВ24 рече дека како држава имаме зацртано пат за отворање на официјален македонски клуб и кога ќе се отвори таков, тој ќе биде таму.

– Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива – рече Маричиќ

Тој сè уште нема информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро работите да се водат нституционално.

– Сметам дека е подобро преку институциите да ги водиме работите. Ние веќе имаме официјален центар во Софија и да направиме таков во Благоевград. Вчера излегоа некои информации и доколку е истата иницијатива, да не забораваме дека таа беше структура која што беше жестоко против референдумот во 2018 и против Преспанскиот договор. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но не сме ние должни да присуствуваме на секоја иницијатива. Вапцаров е ценет уметник и книжевник и не може да се спореди со цар Борис или Ванчо Михајлов – рече Маричиќ во врска со организаторите на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ЕУ е стратешки приоритет на Владата, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите. Вицепремиерката Славица Грковска во...

МВР – Извадок на дел од дневните настани 30.01.2023

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој...

Најмалку 28 загинаа, а 150 се повредени во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата се случи кога џамијата беше...
spot_img
spot_img
spot_img