5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Вистината за настанот во Охрид со благонадежното б’лгарче Христијан Пендиков-Наркодилерот, но и за тоа како Бујар Османи глумеше пудлица во бугарска кафелерија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков денес го посетиле извесниот наркодилер од Охрид, Христијан Пендик(ов), па Никола Мијалков уште еднаш му исчитал буквица на Бујар Османи, карајќи го како мало детенце во градинка, а министерот Османи како посран гулаб си молчи среде Софија?!
Должничко-доверителните односи на Пендиков станаа должнички односи на Македонците! Најнапред мора да се каже вистината кој и зошто ја предизвикал тепачката на улица „Кеј Македонија“ пред старото одморалиште на ПТТ во Охрид, а не во угостителски објект, како што беше наведено во соопштението на СВР Охрид.
Христијан Пендик(ов) имал должнички односи кон три лица од Охрид од околу 500 евра. Кога лицата влегле во угостителскиот објект го запрашале лицето Христијан Пендик(ов) зошто ги игнорира и кога мисли да им ги врати парите? На ваквото прашање Христијан Пендик(ов) кој бил во друштво со уште една женска личност, со крајно-мафијашки стил, им одговорил: „Кога ќе имам тогаш ќе ви ги вратам, а сега ајде губете се, кој ве е*ит. Тројцата охриѓани го напуштиле објектот, а по извесно време од таму излегол и Христијан Пендик(ов), каде што повторно имал средба со истите три лица.
Она што успеа да го дознае Редакцијата на Охридскај од еден од присутните лица на настанот, е дека Христијан Пендик(ов) повторно почнал да ги навредува со погрдни зборови и ситуацијата кулминирала кога Христијан Пендик(ов) пробал физички да се пресмета со едно од лицата, а на истото тоа лице му е одредена мерка притвор, но нејасно е зошто таква мерка не му е изречена и на лицето Христијан Пендик(ов). Кога Христијан Пендик(ов) се обидел да го удри едниот од лицата, тој во самоодбрана му задал удар во пределот на лицето на Христијан Пендик(ов), а потоа додека паѓал добил уште неколку удари. Едноставно таа е вистината за настанот, а сѐ останато претставува бугарско-бујарско сценарио…
Зошто не му е направен алко-тест, како и тест за опијати на лицето Христијан Пендик(ов) од страна на ЈО и СВР Охрид?!
Во целото ова бугарско сценарио, органите на истрагата во Македонија се однесуваат како бугарски вазали. Нејасно е зошто врз наводно-оштетениот не е направен алко-тест, зошто не се извршени анализи на крв и урина за присуство на психотропни супстанци? Зошто е дозволено да не се почитуваат основните здравствени протоколи и на лицето да му се дозволи своеволно, без притоа да стави потпис на лекарски извештај за своеволно напуштање на здравствена установа, да ја напушти истата и истиот да биде префрлен во Софија со авионски превоз? Зошто обвинителството дозволило оддалечување на лице за кое се води кривичен прогон и тоа истото да ја напушти територијата на РСМ?
Да појасниме, лицето Христијан Пендик(ов) бил хоспитализиран веднаш во ЈЗУ Општа Болница Охрид, а потоа бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Состојбата на Христијан Пендик(ов) воопшто не била животно-загрозувачка. Според здравствените протоколи, најнапред се лекува онаа повреда која би можела да биде животно-загрозувачка и повредата која се третира во дел на максилофасцијална хирургија се третира откако ќе бидат завршени другите потребни дејствија согласно здравствениот протокол, а не најанпред да се врши хируршка интервенција на вилица.
Овој факт добро треба да го знае Бујар Османи, пред сѐ тој по професија е доктор, а не Министер за надворешни работи и не треба да глуми бугарско лудило за да ѝ се додвори на Европската унија… Авио-парада на бугарски начин во банана држава!!!
Бугарија експресно испрати авион и ќе се грижела за здравјето на Христијан Пендик(ов) кој наводно требало веднаш да биде опериран… „Ми го зашил Џуро.“ И три дена по транспортот во Софија, Христијан Пендик(ов) не е опериран, па зошто доколку бил во животно-загрижувачка ситуација, бугарските лекари веднаш не извршиле оперативни зафати? Но, и во Бугарија и секаде во светот, здравствените протоколи се исти, но политичкиот моментум не е ист, така и денес на терет на македонскиот народ Бујар Османи глумеше пудлица во бугарска кафелерија, па до кога така бе Бујар?
Лично, Сашо Денесовски!

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Имунолог: Зголемен бројот на заболени од грип, препорачувам вакцинација

Имунологот Милош Марковиќ од Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград посочи дека бројот на заболени од грип во Србија е...

Со остра реакција го предупреди западот, нивниот потег нема да остане без одговор

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека обидот на Западот да го конфискува рускиот имот нема да остане без...

Косово постави шест услови за формирање на ЗСО

Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува...
spot_img
spot_img
spot_img