25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Вил Смит му се извини на Крис Рок

НАЈЧИТАНО

Актерот Вил Смит, кој пред два дена ја доби наградата Оскар за најдобар главна машка улога, на социјалните мрежи објави порака во која се извини и рече дека „насилството никогаш не е прифатливо“.

„Насилството во која било форма е отровно и деструктивно. Моето однесување на доделувањето на наградите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка мене се дел од мојата работа, но шегите за болеста на мојата сопруга се премногу и јас реагирав емотивно“, напиша Смит, кој го удри Рок затоа што се пошегува за алопеција, од која боледува Џејд Пинкет-Смит.

„Крис, сакам јавно да ти се извинам. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во склад со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината“, напиша тој.
Смит, инаку, по инцидентот отишол на забава, а Американската филмска академија размислува дали да му го одземе Оскарот.

Смит се извини и на семејството Вилијамс, како и на организаторите, продукцијата, гостите и гледачите на 94-тото доделување на Оскарите.

„Длабоко жалам што моето однесување го оцрни нашето инаку прекрасно заедничко патување. Работам на себе“, напиша тој.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО