7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Вилшер не чекаше долго за нова работа по пензионирањето

НАЈЧИТАНО

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшер (30) во петокот објави крај на својата играчка кариера.

Вилшер израснал во фудбалската академија на Арсенал, а последен клуб за кој настапувал бил дански Архус.

Еден од неговите најдобри настапи беше натпреварот против Барселона во 2011 година, кога „топчиите“ на домашен терен победија со 2:1. Тоа остана единствената победа на лондонскиот клуб против Каталонците. Вилшер тогаш имаше само 19 години, а со одличната игра ги воодушеви фудбалските фанови.

Уште тогаш многумина му предвидуваа успешна и долга фудбалска кариера, но повредите кажуваа друга приказна. Во далечната 2010 година, Арсенал го испрати на позајмица во Болтон, но ниту таму неговата кариера не порасна.

Вилшер го носеше и дресот на Бурнмаут и Вест Хем, а кариерата ја заврши во дански Архус.

Кога официјално го објави своето пензионирање во петокот на само 30 години, многумина го помислија она што тој самиот го кажа – дека чувствува дека има уште многу да даде во играта.

Слично размислуваа и во неговиот прв клуб, Арсенал. Имено, клубот од северен Лондон во понеделникот објави дека Џек Вилшер е нов селектор на тимот до 18 години.

„Посебно е чувството да се биде дел од семејството на Арсенал. Тој никогаш не ја напушти мојата страна, и иако заминав неколку години, моето срце секогаш беше со Арсенал. Едвај чекам да почнам и да им помогнам на младите играчи да напредуваат“, изјави Вилшер, чија фудбалска приказна сепак имаше среќен крај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО