27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

(Видео) Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга, спречено производство на дрога вредна пет милиони евра

НАЈЧИТАНО

На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Дрслаица, општина Струга.

При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги.

Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги.

Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ.
Според експертите од Министерството за здравство доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.

Два дена по ред, МВР во координација со МЗ презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога, а ваквите засилени контроли продолжуваат и во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО