-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Верстапен: На ​​35 години во Формула 1? Сигурно не

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Макс Верстапен, двократниот светски шампион во Формула 1, истакна дека сигурно нема да биде во најбрзиот вагон кога ќе има 35 години.

Возачот на Ред Бул истакнува дека сигурно ќе го одработи договорот до крајот на 2028 година кога ќе има 31 година и дека тогаш ќе одлучи што и како понатаму.

„Не ме интересираат титули и рекорди. Суштината на сè е квалитетот на животот што го водам. Ќе се тркам сигурно до 2028 година, а потоа ќе видам дали навистина сакам да продолжам да возам. Искрено, дали се гледам себеси на 35 години во Формула. Дефинитивно не. Има уште многу интересни работи надвор од Формула 1. И не сакам постојано да бидам на пат“, изјави Верстапен.

Холанѓанецот вели дека често го обзема носталгија.

„Ми се допаѓа да сум дома. Честопати патувањата и долгите отсуства се навистина болни. Не сакам да правам нешто ако не уживам во тоа“, изјави 25-годишниот Верстапен.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон неодамна изјави дека иако има 37 години, се уште не размислува за крајот на кариерата и дека дефинитивно ќе вози во следните неколку години.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img