14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Велика Британија е подготвена да ја поддржи Србија во реализацијата на обврските со COP26

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград разговараше со Грег Хандс, државен министер во Владата на Обединетото Кралство задолжен за енергетика, за зајакнување на билатералната соработка особено во областа на енергетиката.

Како што соопшти прес-службата на претседателот на Србија, соговорниците се договориле за зајакнување на соработката на полето на заедничките програми и проекти со цел да се поддржи планирањето и развојот на Зелената агенда на двете земји.

Според соопштението, државниот министер Хандс ја поздравил посветеноста на Србија на важните обврски што ги презеде минатата година на Конференцијата на ОН за климатски промени (COP26) во Глазгов и рече дека Велика Британија е подготвена да ја поддржи во реализацијата на тие обврски.

„Светот сега треба да биде убеден дека без одлагање ќе продолжиме со реализација на преземените обврски, дека ветувањата дадени на конференцијата COP26 ќе се исполнат на фер и инклузивен начин, со поддршка на цврста и јасна политика и инвестиции“. „Велика Британија е подготвена да ја поддржи Србија во тоа“, изјави британскиот функционер.

Вучиќ рече дека односите меѓу Британија и Србија се карактеризираат со интензивен политички дијалог и се поизразена економска соработка.

Тој додаде дека економската соработка, и покрај значителниот напредок во обемот на трговската размена, се уште не е постигнат реален потенцијал, особено во областа на енергетиката и Зелената агенда, во која Обединетото Кралство има исклучителни искуства, експерти и проекти каде што двете земји би можеле да постигне исклучителни резултати.

„Србија е посветена на имплементација на мерките насочени кон натамошен развој на Зелената агенда, како и зголемување на енергетската ефикасност, со што би се обезбедил непречен развој на економијата, но и здрава животна средина“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија смислила стратегија и утврдила финансиски средства кои одговорно и со сериозен стратешки пристап на државата долгорочно ќе решаваат многу предизвици на полето на решавање на проблемите предизвикани од климатските промени.

По пристигнувањето во Белград, Хандс објави дека со српските власти ќе разговара за енергетската транзиција и диверзификација.

„Одлично е да се дојде во Белград на разговори со српската влада за енергетска транзиција и диверзификација“, објави британскиот функционер на Твитер со фотографија од белградскиот аеродром.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО